Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед купува две ѕвезди од Бундеслигата

Манчестер Јунајтед купува две ѕвезди од Бундеслигата

Манчестер Јунајтед лошо ја отвори сезоната, па јасно е дека на „црвените ѓаволи“ ќе му бидат потребни засилувања во зимскиот преоден рок.

Медиумите на Островот тврдат дека раководството на „црвените ѓаволи“ одобрило повеќе од 100 милиони фунти за зимски трансфери, а главни мети ќе бидат две ѕвезди од Бундес лигата,


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Станува збор за Каи Хаверц, офанзивниот фудбалер на Баер Леверкузен и ѕвездата на Баерн Минхен, Томас Милер.

Милер веќе подолго време е на мета на Манчестер, а сега трансферот е многу веројатен, ако се знае дека германскиот репрезентативец го загуби местото во стартниот тим кај тренерот Нико Ковач.

Многу потешко ќе му биде на Манчестер да го обезбеди потписот на Хаверц, кој е на мета на многу европски гиганти.

Англиските медиуми тврдат дека Јунајтед за потписот на двајцата фудбалери е спремен да плати 145 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн Минхен спреми рекордна понуда за Тео Хернандес

Баерн Минхен на лето најверојатно ќе остане без Алфонсо Дејвис, па веќе ја започна потрага…