Дефанзивецот на Севиља, Жил Кунде е на мета на многу европски гиганти, а Манчестер Јунајтед веќе почнал преговори со неговиот агент.
Французинот беше на чекор од трансфер во Челзи ова лето, но зделката пропадна во последен момент. Сега самиот фудбалер преку својот агент му се понудил на Манчестер Јунајтед.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Црвените ѓаволи“ сакаат да ја засилат одбраната и се спремни да испратат богата понуда за Кунде, кој е примарна трансферна цел.
Французинот има откупна клаузула од 80 милиони евра и Севиља не сака да преговара за помала сума, пренесува „АС“.
Наводно „црвените ѓаволи“ се спрмени да ја платат таа сума уште во зимскиот преоден рок за да ги решат проблемите во одбраната. Јунајтед прими 17 голови во првите 11 меча во Премиер лигата.