Марсел Сабицер не беше задоволен од статусот во Минхен и во последниот ден од преодниот рок се пресели во Манчестер Јунајтед на позајмица до крајот на сезоната.
„Црвените ѓаволи“ немаат опција за откуп на лето, па двата клуба ќе треба да седнат на преговарачка маса, а Австриецот не сака назад во Минхен.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сабицер брзо се прилагоди на новата средина и би сакал да остане на „Олд Трафорд“, а Манчестер Јунајтед донел одлука да го откупи неговиот договор.
Баварците за неговата слобода бараат 20 милиони евра, сума која нема да биде проблем за „црвените ѓаволи“.