Интересот на Манчестер Јунајтед кон гол-машината од Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд оладил во последните денови.
Според „ЕСПН“ причина за тоа е однесувањето на неговиот менаџер Мино Раиола, кој не е во добри односи со „црвените ѓаволи“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Минатата седмица Мино Раиола и таткото на Халанд имаа „турнеја“ и остварија седби со неколку европски гиганти. МанчестерЈунајтед беше еден од клубовите кој се информираше за условите на трансферот.
Медиумот тврди дека после средбата Јунајтед не се откажал целосно од Халанд, но „црвените ѓаволи“ го оладиле интересот и се спремни да го променат планот.