Манчестер јунајтед е во напредни преговори со голманот на Интер, Џордан Андре Онана, пренесуваат медиумите на Апенините.
„Црвените ѓаволи“ се во потрага по нов голман откако потврдија дека Де Геа нема да го продолжи договорот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Прва мета е токму Онана, кој имаше фантастична сезона во дресот на Интер. „Нероаѕурите“ се спремни да го продадат бидејќи имаат финансиски проблеми.
Интер минатото лето го доведе Онана како слободен агент, а сега за неговата слобода бара 60 милиони евра.
Манчестер Јунајтед понудил 50 милиони евра, па двата клуба се блиску до договор, а Онана се согласил да се пресели на „Олд Трафорд“.