Дома Фудбал Манчестер Сити сруши нов рекорд

Манчестер Сити сруши нов рекорд

Фудбалерите на Манчестер Сити синоќа во гости го поразија Базел со високи 4:0 во рамките на првиот натпревар од осминафиналето во ЛШ, а со таа победа срушија нов рекорд.

Имено, победата од 4:0  е највисока победа во гости во нокаут фазата во ЛШ за една англиска екипа.

Пред Манчестер Сити, рекордот го држеше екипата на Ливерпул предводена од Рафа Бенитез кој во сезона 2006/07 го победи тимот на ПСВ во гости со 3:0.

Освен тоа, ова беше победа број 34. во сите натпреварувања за Манчестер Сити оваа сезона и уште сега имаат една победа повеќе во споредба со претходната цела сезона.

Кој и каде ќе ги запре Граѓаните останува да видиме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Елмас замина при 0-0, Аталанта падна во финишот; Херера славеше со Борац

Аталанта загуби со 0-2 во Амстердам, со двата гола примени по замената на Елмас. Борац ја …