Поранешниот играч на Ливерпул, Џејми Карагер не се сомнева зошто Манчестер Сити со години е или шампион или еден од главните претенденти за титулата во Премиер лигата.
„Граѓаните“ го кренаа трофејот во последните две сезони, односно четири пати во последните пет години, а моментално заостануваат четири бода зад лидерот Арсенал.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Манчестер Сити го има најдобриот тим на светот, го имаат најдобриот тренер, најдобриот напаѓач и најдобриот играч за врска во светот“, рече Карагер и продолжи:
„Без огромни инвестиции тие би биле просечен премиерлигашки клуб. Зошто се толку опседнати со тоа? Тие уживаат во тоа. Подобро е да си на врвот отколку да заостануваш во средината“.
Покрај Пеп Гвардиола, Карагер мисли и на Кевин де Брујн и Ерлинг Халанд, кој летово дојде на островот од Борусија Дортмунд и со 15 гола е убедливо најдобар стрелец во Премиер лигата.
Граѓаните во сабота го пречекуваат Брајтон во 11. коло од шампионатот.