Maнчестер Сити и Манчестер Јунајтед се борат за потписот на Хари Мегваер, стоперот на Лестер кој веќе неколку преодни рокови е на мета на повеќе големи англиски клубови, пренесува „Скај Спорт“.
Реномираниот англиски медиум пренесува дека не е точно колку двата ривали од Манчестер треба да платат за Мегавер, но потенцираат дека сигурно би се работело за сума со која би бил срушен светскиот рекорд за еден дефанзивец.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Рекордот во овој момент го држи Вирџил Ван Дајк за кого Ливерпул плати 75 милиони фунти. Меѓутоа како што се наведува клубовите од Манчестер се уште не се спремни да платат толкава сума, но во Лестер се цврсти на таквиот став и не сакаат да преговараат за нешто помалку.
Овој трансфер многу би можел да влијае и на поголемиот дел од трансфер пазарот. Доколку Сити победи во трката за одличниот англиски репрезентативец Јунајтед би можел да се сврти кон Калид Кулибали од Наполи, а Лестер кој би имал голема сума на располагање ќе тргне во потрага по замена за Мегваер.
https://www.youtube.com/watch?v=AeLVJGCUY4k