Садио Мане (30) како што стојат работите би можел да се пресели во Баерн Минхен.
Според бројните информации кои доаѓаат од германските и англиските медиуми, Мане договорил трансфер во Баерн и наскоро се би требало да биде официјализирано.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Мане имаше интересна изјава и пред мечот со Бенин во квалификациите за Африканскиот куп на нации.
“Како и сите, јас сум на социјалните мрежи и ги следам коментарите. Некаде помеѓу 60% и 70% од Сенегалците сакаат да го напуштам Ливерпул, па мислам дека ќе ги послушам”, изјави Мане.
По мечот со Бенин во кој постигна хет-трик (3:1) Мане со нова изјава ја смири ситуација, порача дека со претходната изјава само се шегувал.
“Вчера малку се пошегував и целиот свет зборуваше за тоа, тука ќе застанам и нема да зборувам ништо повеќе на таа тема. Ливерпул е клуб кој го почитувам, навивачите ме прифатија уште од првиот ден. Ќе видиме што носи иднината“, изјави сенегалскиот напаѓач.
Мане за Ливерпул одигра 269 натпревари и постигна 120 голови.