Дома Фудбал Мане и ВАР му донесоа победа на Ливерпул (видео)

Мане и ВАР му донесоа победа на Ливерпул (видео)

Ливерпул продолжува да реди победи, откако попладнево потешко од очекуваното го победи Вулверхемптон со 1:0 на „Енфилд“.

Херој за „црвените“ овој пат беше Садио Мане, кој го постигна победоносниот гол, но во фокусот беше и ВАР системот.

Најптрво судијата со помош на ВАР го призна гол на Сенегалецот, а во последните моменти од првиот дел беше видена интересна ситуација.

Имено, „волците“ израмнија со голот на Нето, но ВАР пресмета милиметарски офсајд, па голот беше поништен и на одмор се замина со предност на домаќините.

Во вториот дел гостите играа храбро, создадоа многу шанси, но немаше промена на резултатот, па Ливерпул со победа ја заврши фантастичната година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Симеоне не ѝ ја препушта титулата на Барса: Атлетико има што да каже!

Барселона има девет победи од девет меча, но Симеоне верува дека Атлетико може да ја оспор…