Дома Фудбал Италија Малдини импресиониран од трансферот на Бонучи: Не знам што се случи!

Малдини импресиониран од трансферот на Бонучи: Не знам што се случи!

Легендарниот капитен на Милан, Паоло Малдини задоволен е како неговиот клуб го одработи преодниот рок, а посебно импресиониран е од трансферот на Леонардо Бонучи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Со години на назад Бонучи беше столб на одбраната на Јувентус, па поради тоа Малдини смета дека ќе биде огромно засилување за Милан, но тврди дека се уште е рано за враќање на Скудетото на „Сан Сиро“.

„Бонучи е дефинитивно големо засилување, не знам што се случило, но убаво е да го видам во Милан. На пазарот е многу тешко да се најдат стопери, а Лео е еден од најдобрите во светот“, истакна Малдини.

„Со него во тимот Милан ќе биде голем ривал на Јувентус, можеби оваа година се уште е рано за Скудето, но убеден сум дека Милан се враќа во Лигата на шампиони. Јувентус минатите години ја освојуваше титулата лесно, но со враќањето на Милан и Интер нема да бидат повеќе мирни“, заклучи легендарниот дефанзивец.

„Росонерите“ во овој преоден рок донесоа девет нови засилувања и потрошија 200 милиони евра, а до крајот на преодниот рок најавуваат уште три големи засилувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Голем трансфер во Катар, Лацио остана без капитенот

Алесио Ромањоли повеќе не е фудбалер на Лацио. Искусниот италијански стопер одлучи да го н…