Дома Фудбал Италија Малдини ги отфрли гласините: Среќни сме со Пиоли

Малдини ги отфрли гласините: Среќни сме со Пиоли

Директорот на Милан, Паоло Малдини изјави дека Стефано Пиоли има целосна доверба од луѓето на клубот.

Поразот во градското дерби од Интер (4:2) беше причина за старата и редовна италијанска приказна за промената на тренерот. Во многу медиуми може да се прочита дека Стефано Пиоли веќе бил отпишан, се споменуваа наследници, но на крајот од тоа нема да има ништо.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во меѓувреме се огласи Малдини и порача дека на Сан Сиро се задоволни од Пиоли.

“Среќни сме и задоволни од Стефано. Тој го презеде тимот во тешки околности, не одеше најдобро … Тимот е составен од млади играчи, тој сега и даде идентитет и до крајот на сезоната може да се случат многу работи “, изјави Малдини за Скај Спорт и додаде:

“Сите – играчи, тренери, менаџери, сите живееме од резултатите. Важно е да продолжиме во вистинската насока и до крајот на сезоната да ги оствариме најдобрите резултати, за што сум убеден дека можеме, а потоа во мај ќе седнеме и ќе видиме што и како понатаму“, истакна директорот на Росонерите.

Милан во Серија А во моментов е на десеттото место со 32 бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Натпревари од Ла Лига ќе се играат во САД?

Првиот човек на шпанската Примера најави дека веќе од наредната сезона натпревари од шпанс…