Дома Македонски спорт Макпетрол најуспешен на Државното сениорско карате првенство за 2021 година

Макпетрол најуспешен на Државното сениорско карате првенство за 2021 година

Викендов 27-03.2021 год.(Сабота) во Скопје сала Борис Трајковски,  се одржа државното првенство во карате за сениори-ки, во поединечна и екипна конкуренција во дисциплините борби и кати.

Ова Државно првенство е критериумско за избор на сениорската репрезентација која во месец Мај треба да настапи на европското првенство за сениори кое ќе се одржи во Пореч, Хрватска. Сите први места обезбедија учество на европското првенство и ќе не преставуваат во Хрватска.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Макпетрол е најдобар карате клуб на Државното сениорско првенство.  каратистите на Макпетрол освонија 13 медали – 8 златни, 2 сребрен и 3 бронзени.

Државни прваци станаа:

  • Сара Радичевска -50 кг,
  • Симона Заборска -55 кг,
  • Моника Пендаровска -61 кг
  • Ангела Мојсовска -68 кг,
  • Екипно жени борби во состав: Симона Заборска (капитен), Сара Радичевска, Ангела Мојсовска и Моника Пендаровски Викторија Јовановска,
  • Абдурахим Идризи -60 кг,
  • Давид Петков -67 кг
  • Петар Спасеновски -84 кг

Сребрени медали освоија

  • Марија Петровска -50 кг
  • Машкиот тим во борби во состав: (Заборски Петар, Спасеновски Петар, Петков Глигор, Ацковски Роберто, Абдурахим Идризи, Глигор Станоев и Давид Петков).  

Бронзени медали припаднаа на ;

  • Роберто Ацковски -67 кг
  • Викторија Јовановска -61 кг
  • Глигор Петков -84 кг
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Столе Димитриевски спремен да преговара за трансфер во Саудиска Арабија?

Maкедонскиот голман Столе Димитриевски според информациите на дел од медиумите има понуда …