Дома Македонски спорт Македонци низ светот: Викенд за заборав, „гастербајтерите“ во зимски сон

Македонци низ светот: Викенд за заборав, „гастербајтерите“ во зимски сон

Како што се наближува крајот на годината, голем дел од првенствата веќе ја стартуваа зимската пауза, па така и дел од нашите „гастербајтери“ веќе се на заслужен одмор, да го проследиме учинокот на оние кои настапија.

За тимот на Палермо, Александар Трајковски одигра 90 минути, додека Илија Несторовски поради повреда сеуште е надвор од терените. Палермо славеше 1:0 против тимот на Тернана.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Горан Пандев одигра 54 минути во ремито без голови помеѓу Фиорентина и Џенова.

Eгзијан Алиоски одигра 90 минути во победата на Лидс против Норвич.

Енис Барди поради повреда беше надвор од составот на Леванте кој одигра 0:0 против тимот на Севиља.

Столе Димитриевски за тимот на Гимнастик одигра 90 минути и прими два гола во поразот на неговиот тим од 2:0 против Леонеса

Адис Јаховиќ денес го игра својот натпревар за тимот на Гозтепе против Коњаспор, како и Елиф Елмаз, неговиот Фенербахче игра против тимот Карабукспор.

Стефан Ристовски победата на Спортинг од 2:0 против Портимоненсе ја проследи од клупата за резерви.

Гојко Зајков беше во составот на Чарлерои против Генк, но не доби шанса.

Јован Костовски не беше во составот на Леувен во натпреварот против Лиерсе во кој неговиот тим запиша победа од 2:0.

Во натпреварот помеѓу Истра и Осијек, Томе Китановски и Ристо Митровски не беа во составот на Истра, додека Музафер Ејупи во редовите на Осијек во игра влезе во 56 минута од средбата, натпреварот беше завршен со реми 1:1.

Во натпреварот помеѓу Ријека и Рудеш, за тимот на Ријека Леонард Жута одигра 90 минута, додека во редовите на Рудеш, Самир Фазли одигра 56 минути и заработи жолт картон. Натпреварот заврши со победа од 3:0 на тимот на Ријека.

Во натпреварот помеѓу Динамо Загреб и Цибала, Арјан Адеми одигра 90 минути за тимот на Динамо Загреб, додека во составот на Цибала го немаше Арменд Далипи. Натпреварот заврши со победа на Динамо Загреб со 1:0.

Мирко Ивановски со својот Славен Белупо денес го игра својот натпревар.

Во натпреварот помеѓу АЕК Ларанка и Ермис кој заврши без победник 1:1, Иван Тричковски и Даниел Мојсов одиграа 90 минути за тимот на АЕК и во редовите на Ермис, Александар Дамчевски исто така одигра 90 минути.

Давор Здравковски беше во составот на АЕЛ кој одигра 0:0 против Дока Катокопиас, но не доби шанса.

Мартин Богатинов и Мите Цикарски одиграа 90 минути во тимот на Еникос во ремито против Омониа 2:2. Богатинов заработи и жолт картон.

Бојан Најденов не беше во составнот на Смоуха кој загуби со 1:3 во натпреварот против Аласиоти Спорт во египетската прва лига.

Дејан Трајковски одигра 90 минути за Твенте во ремито на овој тим против Витесе 1:1.

За тимот на Дордрехт Антонио Станков одигра 90 минути, додека Денис Махмудов во игра влезе во 70 минута во поразот на овој тим од 3:0 во натпреварот против Камбур.

Стефан Ашковски по голот минатиот викенд, овој пат одигра 68 минути и заработи жолт картон во победата на неговата Фортуна против Ден Бош до 2:4.

Aлександар Тодорвски не беше во составот на Заглебие кој славеше со 1:2 во натпреварот против Висла Краков.

Милован Петровиќ во романската лига со својот Сепси својот натпревар го игра денес против тимот на Волунтари.

Во натпреварот помеѓу Спартак Суботица и Војводина, Емил Абаз во игра влезе во 73 минута за тимот на Спаратк, додека за Војводина, Дарко Аврамовски ги одигра последните десетина минути. Натпреварот заврши со реми 1:1.

Петар Крстиќ не беше во составот на Раднички кој загуби со 0:2.

Денис Хаџиџи не беше во состабот на Борац во поразот од 1:2 во натпреварот против Младост.

Бојан Ѓоргиевски не беше во тимот на Мачва која одигра 1:1 против Воздовац.

Алекса Амановиќ, Филип Ивановски и Филип Ристовски одиграа 90 минути во поразот на Јавор од Напредак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …