Дома Македонски спорт Мак баскет Македонија со Димитријевиќ, но без Шортс против Естонија и Полска

Македонија со Димитријевиќ, но без Шортс против Естонија и Полска

Во првиот прозорец на ФИБА од квалификациите за Евробаскет 2025, на 23. февруари, ја пречекуваме Естонија, три дена подоцна, гости во Полска

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Александар Јончевски, го објави скратениот список на кошаркари кои ќе конкурираат за место во националниот тим за претстојниот февруарски ФИБА „прозорец“,  прв од квалификациите за Евробаскет 2025.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Првиот тренинг е закажан за 19.февруари.2024 (понеделник) со почеток во 18:00 часот, во СРЦ „Кале“ во Скопје.

Исто така, првите 30 минути од првиот тренинг на националниот тим ќе бидат отворени за претставниците на медиумите.

СПИСОК НА ИГРАЧИ ЗА ФЕВРУАРСКИОТ ФИБА „ПРОЗОРЕЦ“ ОД КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕП 2025

Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром

Дамјан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром

Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром

Дамјан Робев – МЗТ Скопје Аеродром

Марин Петков – МЗТ Скопје Аеродром

Андреј Магдевски – Пелистер

Андреј Маслинко – Пелистер

Амар Хот – Пелистер

Стојан Ѓуроски – Работнички

Виктор Ефремовски – Работнички

Ненад Димитријевиќ – Уникс Казан, Русија

Адем Мекиќ – Задар, Хрватска

Лејсон Зеќири – Башкими, Косово

Итан Хап – Гран Канарија – Шпанија

СЕЛЕКТОР: Александар Јончевски

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Селекторот Раде Стојановиќ го објави списокот на младинците за натпреварите со Словенија

Стручниот штаб и селекторот на машката младинска репрезентација Радослав Стојановиќ го обј…