Дома Македонски спорт Мак баскет Македонија со Девана Бонер во составот по изненадување против БиХ

Македонија со Девана Бонер во составот по изненадување против БиХ

Селекторот Алекандар Ашаданов очекува уште еден тежок натпревар. Смета дека БиХ е уште посилен ривал во однос на Германија со која бевме егал во првото полувреме. Особено што ја имаат најдобрата кошаркарка во најсилната лига на светот.

„Нè очекува уште еден тежок натпревар овој пат на домашен терен со Босна и Херцеговина, која покажа во првото коло против Белгија дека се работи за сериозна екипа. Главен адут е Џонс MVP играчот од регуларната сезона во WNBA која на првиот натпревар имаше брилијантни 44. поени и 24. Скока, и индекс 51. Ќе биде исклучително тешко против еден таков играч и противник“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сепак, за Ашаданов и неговиот избран тим, целта останува иста

„Целта останува иста, да се изненади противникот и да се дојде до победа. Проблемите со повредите ни се голем хендикеп. На вечерашниот натпревар повторно нема да можеме да сметаме на Кметовска“.

Ако е нешто поразлично во однос на првиот меч против Германија, е малку подобрата здравствена ситуација со Девана Бонер.

Како што вели, Ашаданов ќе ја чека дозволата од лекарите до последен момент за настап на нашиот силен адут.

„Се надевам дека Девана Бонер ќе го започне натпреварот со БиХ. Таа го одработи синоќешниот тренинг. Беше и на утринскиот, кој повеќе е шутерски, и загревање за она што следува од 19.часот. Ќе видиме. Со и без неа, екипата дефинитивно не е иста. Во тимот е присутен замор, но ќе се обидеме да го заборавиме, да одиграме со сиот свој максимум против еден високо квалитетен ривал“’- дополнува селекторот пред вториот натпревар од квалификациите за Евробаскетот 2023.

Влезот за овој натпревар е слободен, а оние на кои во прв ред им е женската репрезентативна кошарка, ги очекуваме на трибините во СРЦ „Кале“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Финалето во футсал Купот на Македонија ќе се игра во Велес

Футсал екипита на Клими и Форца 2015 ќе се борат за трофејот во рамките на Купот на Македо…