Македонија ќе настапи со двајца боксери на силниот меѓународен турнир „Златна рукавица” во Панчево, еден од последните годинава во календарот на ЕУБЦ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ова е силен турнир на кој ќе учествуваат околу 100 боксери од 21 земја, Македонија ќе ја претставуваат Јасин Љама кој победи на „Златен Гонг 2019″ и Арсим Етеми. Борбите започнуваат од утре и ќе траат до сабота.
Љама ќе настапи во категоријата до 63 килограми, Етеми ќе не претставува во категоријата до 75 килограми, овие дбајца наши боксери ќе учествуваат и на Балканското првенство во Анталија од 10 до 15 декември.