Дома Македонски спорт Македонија не е во главната фаза, но Кире и понатаму е на врвот! (ФОТО)

Македонија не е во главната фаза, но Кире и понатаму е на врвот! (ФОТО)

Првата фаза од Светското првенство заврши, за жал Македонија вчера не успеа да го победи Исланд и да се пласира во втората фаза. Поради тоа ќе разигруваме за место од 13-тата до 16-тата позиција.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Сепак и покрај тоа Кире Лазаров и понатаму е најдобриот асистент на првенството, а со тоа е и најкорисниот играч на првенството.

Лазаров има 25 асистенции и на оваа листа се наоѓа пред Димитри Житников од Русија кој има една помалку. Сепак, Кире има повеќе постигнати голови, па затоа е и најкорисен играч на СП во овој момент.

Вкупно голови и асистенции, Лазаров има 55 и тоа е шест повеќе од Данецот Микел Хансен кој тука стигна благодарение на фантастичниот настап против Норвешка во кој постигна 14 гола.

Борко до пред последното коло беше голманот со најмногу одбрани на СП, но веќе не е така сега е трет. Нашиот прв голман има 47 одбрани, а пред него се само Николас Ландин од Данска и Исланѓанецот Густавсон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Словачка доживеа потоп во Скопје, Македонија ќе игра уште еден Мундијал!

Maкедонската ракометна репрезентација не дозволи никакво изненадување и со уште поубедлива…