Кошаркарската репрезентација на Македонија загуби на гостувањето во Романија со 65:53 , но и покрај тоа ја оствари целта и избори пласман во квалификациите за ЕП.
Избраниците на Јорданчо Давитков го добија првиот период со 16:15, но во продолжение од мечот, Романците имаа резултатска предност и на полувремето се отиде со предност од 34:29 за домашната селекција.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во решавачките моменти домаќините имаа позитива и од 13 поени, при што не искористија два напада во кои можеа да стигнат до посакуваната разлика од 14 поени.
За среќа на крајот поразот не беше во висина од 14 поени разлика затоа што такво нешто ќе ни ги намалеше шансите на минимум за пласман во квалификациите за Европското првенство.
Вака македонската репрезентација ја оствари целта, се пласира во главните квалификации за Евробаскетот
Најефикасен во нашиот табор беше Дамјан Стојановски со 13 поени, а еден помалку реализираше неговиот брат Војдан.