Дома Македонски спорт Македонија до 18 години ќе игра на силен турнир во Португалија

Македонија до 18 години ќе игра на силен турнир во Португалија

Младата репрезентација на Македонија во периодот од 23 до 30. март ќе учествува на силен меѓународен турнир во Португалија.

Селекцијата предводена од Неџат Шабани ќе одигра три натпревари против Словачка, Португалија и Грузија.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Првиот дуел го играме против Словачка на 25. март со почеток од 14. часот. На 27. март силите ќе ги одмериме против домаќинот, Португалија во 17. часот. Два дена подоцна играме со Грузија во 11. часот. Селекторот Неџат Шабани за претстојниот меѓународен турнир, се одлучи да ги повика следните фудбалери:

ГОЛМАНИ: Васко Василев, Наум Ангелов, Стефан Тасев;

ОДБРАНА: Даниел Марковски, Борјан Попоски, Енис Буќи, Максим Милошевски, Никола Павлески, Стефан Младеновски, Марио Ричков, Суфијан Чајани;

СРЕДЕН РЕД: Мартин Ѓоргиевски, Матеј Ангелов, Арбнор Мурати, Леонид Тасов, Матео Софијановски, Џезаир Авдули, Игор Јаневски;

НАПАД: Дашмир Елези, Бесар Гуџуфи, Михаил Талевски, Ерион Шуку, Димитар Трајков;

Собирот на репрезентација на Македонија до 18 години е закажан на 21. март, првиот тренинг е со почеток од 14:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…