Дома Македонски спорт Македонија до 17 години запиша убедлива победа против Малта

Македонија до 17 години запиша убедлива победа против Малта

Младата репрезентација на Македонија до 17 години го одигра вториот контролен натпревар против соодветната селекција на Малта и успеа да издвојува убедлива победа со 3:0.

Нашите млади фудбалери, на тренинг центарот „Петар Милошевски” одиграа многу подобар меч од првата контролна пресметка и во второто полувреме успеаја да го скршат отпорот на селекцијата на Малта, постигнувајќи три гола за сосема заслужена победа.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Противникот во поголемиот дел од првото полувреме беше сконцентриран на одбрана на својот гол, чекајќи прилика од против напад. Нашите фудбалери немаа одговор и идеја за таквата поставеност, не успеавме да се заканиме посериозно по нивниот гол. Тео Николовски имаше една добра прилика, биеше од далечина, меѓутоа непрецизно.

Во продолжението одигравме одлично, решително и со поголема мотивација. Никола Величковски погоди за 1:0 во 53. минута од мечот. Веќе во следниот наш напад, Кире Стојанов погодува за 2:0. Мартин Ѓоргиевски асистираше за двата гола. Конечните 3:0 беа дело на Умерфарук Сулејман.

Првиот пријателски натпревар помеѓу овие две селекции заврши нерешено 1:1.

Контролен дуел, репрезентации до 17 години,Скопје;

Македонија: Давид Стојановиќ, Андреј Аризанкоски, Марко Стојилевски, Даниел Марковски, Матеј Јаневски, Мартин Ѓоргиевски (к), Никола Величковски, Адриан Зенделовски, Кире Стојанов, Мухамед Елмас, Зани Назифи;

Резерви: Диел Доко, Симеон Здравковски, Хадис Таири, Ѓорге Џеков, Тео Николовски, Дестан Адили, Амир Нухија, Александар Богданоски, Кире Стојанов;

Селектор: Тони Јакимоски;

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …