Во Келн денеска беа извлечени двојките за бражот за Светското првенство 2025 година кое ќе се игра во Данска, Норвешка и Хрватска.
Македонија за место на собирот на најдобрите светски репрезентации ќе се бори со најпријатното изненадување на ова Европско првенство, селекцијата на Фарски Острови.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Дефинитивно Фарски Острови беше една од селекцијата која не ја посакувавме бидејќи во својата репрезентација имаат квалитетни ракометари и покажаа дека се силна селекција.
Првиот натпревар го играме на 8/9 мај во Торшван, додека реваншот е во Скопје на 11/12 мај. Победникот од двомечот заедно со победниците од останатите парови обезбедува место на Мундијалот.