Репрезентацијата на Македонија обезбеди пласман на осмото Светско првенство во својата историја.
Ждрепката за групната фаза е закажана за 2. јули, а нашата репрезентација противниците ќе ги чека од вториот шешир. На турнирот кој ќе се одржи во Шведска и Полска ќе се натпреваруваат 32 репрезентации, а досега се познати 24 учесници.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
ШЕШИР 1: Данска, Шведска, Шпанија, Франција, Норвешка, Исланд, Германија, прв претставник од Африка
ШЕШИР 2: Катар, Хрватска, Белгија, Бразил, Португалија, Полска, Црна Гора, Македонија
ШЕШИР 3: Србија, Унгарија, Аргентина, Бахреин, Саудиска Арабија, Чиле, втор претставник од Африка, трет претставник од Африка
ШЕШИР 4: Уругвај, Иран, Јужна Кореја, четврти претставник од Африка, петти претставник од Африка, претставник од Северна Америка, вајлд-карта 1, вајлд-карта 2.
Светското првенство е ќе стартува на 11. јануари и ќе трае до 29. Титулата ќе ја брани селекцијата на Данска.