Дома Фудбал Англија Магијата на Де Брујн за три бода на Сити 🎥

Магијата на Де Брујн за три бода на Сити 🎥

Фудбалерите на Манчестер Сити го победија тимот на Лестер на гостински терен со резултат 1:0 во 14. коло од Премиер лигата.

Пеп Гвардиола денеска не можеше да смета на полесно повредениот Ерлинг Халанд, а изненадување беше тоа што повторно го изостави Фил Фоден, па нападот го предводеа Гралиш, Силва и Алварез.

Сити доминираше од самиот почеток, но тешко создаваше добри прилики, но изостана реализацијата.

Сепак, на почетокот на вториот дел на сцена стапи маестралниот Кевин Де Брујн. Тој ја намести топката од слободен удар од 30 метри и ја погоди гредата за 0:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

УЕФА одлучи: Веќе нема дилеми, ова секогаш ќе биде пенал!

УЕФА донесе важна одлука за јасни критериуми околу играњето со рака, со цел да се намали н…