Дома Фудбал Лига на шампиони ЛШ: Ливерпул го „ДЕМОЛИРАШЕ“ Марибор, Сари и Наполи поразени во Манчестер, без победник во Мадрид! (ВИДЕО)

ЛШ: Ливерпул го „ДЕМОЛИРАШЕ“ Марибор, Сари и Наполи поразени во Манчестер, без победник во Мадрид! (ВИДЕО)

Денес со почеток од 20:45 минути се одиграа осум натпревари во рамките од Лигата на шампионите.

Ливерпул вечерва стигна до најубедливата победа на гостувањето во Словенија кај словенски Марибор. Избраниците на Клоп стигнаа до победа од 0:7. Рано уште во четвртата минута Роберто Фирмино го отвори резултатот. Десетина минути подоцна Фелипе Кутињо ја спроведе топката во мрежата по нафрлувањето на Милнер. До крајот на полувреме Мохамед Салах постигна уште два погодоци за убедливи  0:4 веќе на полувремето. Во вториот Ливерпул постигна уште три погодоци за конечни 0:7.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓








Наполи кој е перфкетен во Серија А во Лигата на шампионите го запиша вториот пораз во третиот натпревар. Овој пат тие беа поразени на гостински терен против Манчестер Сити со 2:1. Стерлинг и Габриел Хесус погодовуваа во 9 односно 13 минута, за солидна предност во првите 45. Пред крајот на полувремето во 38 минута, Дрис Мертенс не реализираше пенал. Сепак, она што не му успеа на Мертенс му успеа Диавара во 72 минута кога погоди од белата точка, но сепак тоа беше се што Италијанците успеаа да направат во овој натпревар.



Реал Мадрид и Тотенхем во дербито на вечервта одиграа 1:1. Во 20 минута по еден контакт на Касемиро во шеснаестникот „петлите“ бараа пенал, но не го добија. Сепак, само осум минути тие успеаа да стигне до водство, иако овој пат не беше стрелец Хари Кејн повторно беше еден од најзаслужните за погодокот на неговиот тим, тој изврши притисок над Рафаел Варан кој си постигна авто гол. Она што не го доби Тотенхем го доби Реал Мадрид. Кристиано Роналдо беше сигурен реализатор за изедначување. Во вториот дел резултатот не се менуваше, па двата фаворити за првото место во групата ги поделија бодовите.

Во останатите натпревари: Спартак Москва ја декласираше Севиља во Русија со 5:1, Монако запиша домашен пораз од Бешикташ од 1:2, Порто беше поразен во Германија со 3:2, Апоел и Дортмунд одиграа 1:1, Шахтјор славеше победа на гостувањето во Холандија против Фејенорд со 1:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Игуаин го промени спортот. Oсвои турнир и доби награда од 300 долари

Гонзало Игуаин одигра речиси 800 натпревари во својата блескава кариера и постигна вкупно …