Дома Фудбал Лига на шампиони ЛШ: „Енфилд“ виде пет погодоци, радост донесе Фирмино, Белград ќе го слави бодот на Звезда! (ВИДЕО)

ЛШ: „Енфилд“ виде пет погодоци, радост донесе Фирмино, Белград ќе го слави бодот на Звезда! (ВИДЕО)

Вечерва во Лигата на шампионите со почеток од 21:00 часот беа одиграни шест натпревари.

Дербито на вечерта се играше на „Енфилд“ помеѓу финалистот Ливерпул и богатиот тим на Пари Сен Жермен. На оваа средба беа постигнати и најмногу погодоци.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Натпреварот помеѓу европските гиганти кои имаат за цел да одат до самиот крај донесе возбдувања од самиот почеток, а во првите 45 минути видовме три погодоци.

Даниел Стариџ во 30-тата минута го искористи одличното нафрлување на Робертсон и го отвори резултатот. Само шест минути подоцна, „црвените“ добија удар од белата точка.

Сигурен реализатор на најстрогата казна беше Џејмс Милнер.

Муниер на пет минути пред истекот на првиот дел го совлада Алисон за намалување на предноста на Ливерпул.
Со резултатот 2:1 се замина и на полувреме.

За нови погодоци се чекаше финишот од натпреварот. Прво Килијан Мбапе во 83-тата минута изедначи на 2:2, а кога сите очекуваа гигантите да ги поделат бодовите Роберто Фирмино во втората минута од судиското продолжение постигнува погодок за конечни 3:2 и важни три бода за минатогодишниот финалист.

Натпреварот кој привлекуваше големо внимание на овие простори помеѓу Црвена Звезда и италијански Наполи беше завршен без погодоци 0:0.

Во останатите натпревари Шалке и Порто одиграа 1:1, Атлетико Мадрид славеше на гости против Монако со 1:2, Дортмунд запиша минимална победа на гостувањето кај Бриж 0:1, додека Галатасарај на свој терен беше убедлива против Локомотив Москва 3:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

„Сите освен полските судии сакавме да гледаме германско финале“

Спортскиот директор од редовите на Баерн Минхен, Макс Еберл како и уште неколкумина од таб…