Поранешниот напаѓач на Баерн Минхен, Лука Тони, смета дека клубот ќе направи одлична зделка доколку ова лето го донесе на „Алијанц Арена“ напаѓачот на Интер, Мауро Икарди.
Аргентинецот се смета како идеален наследник на Роберт Левандовски, кој јавно изрази желба да го напушти Баерн ова лето.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Кога некој играч сака да замине, мора да го пуштиш. Икарди од Интер ќе биде совршен за Баерн. Тој е одличен напаѓач и е помлад од Левандовски“, изјави Лука Тони.
Германскиот гигант е еден од ретките клубови кои можат да си дозволат да ја платат откупната клаузула на Икарди во вредност од 110 милиони евра, а доколку го направи тоа, Икарди ќе биде наскапото засилување во историјата на баварскиот гигант.