Кошаркарската репрезентација на Македонија до 20 години денес забележа победа против Романија на вториот натпревар од ФИБА „Челинџер“ турнирот 79:78.
Испуштивме плус од 18.поени во регуларниот дел, мораше да играме продолжение за да ја победиме Романија (79:78)
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имавме се во своите раце. И игра, и резултат. Но и голем пад во играта пред крајот на третиот и почетокот на последниот дел. Но во продлжението од пет минути стигнавме до победата против Романија, заслужена, иако тешко реализирана, по 45.минути на теренот.
Одигравме добра прва четвртина која ја реализиравме со солидни (18:13). Но подзастанавме на почетокот на вториот период. Со серија од (10-1) Романија премина во водство (23:19).
Но тогаш на сцена стапи Виктор Исајловски. Еден од поискусните кошаркари во нашата селекција, беше творец на серијата со која се вративме назад во мечот, и ја вративме предноста. Нашето крило реализираше девет (од 12.поени на полувремето) во серија, Македонија поведе и со највисоки (32:23).
Тројките (имавме пет) беа нашиот „заштитен знак“ токму во овој период од играта, а до истекот на првото полувреме сочувавме добар дел од позитивата (37:31).
На почетокот на второто полувреме го поправивме и сегментот одбрана. Цели пет минути противникот не успеа да го погоди нашиот кош.
Од друга страна, нашите младинци влегоа во серија од (12-0) кој ги донесе до високо водство (49:31), по 25.минути игра.
И наместо да продолжиме во исто темпо, подзастанавме. Следуваше серија, но противничка, од (13-0), по која на крајот на третиот период, Романија се доближи на, и тоа како, достижни (49:54). Серијата на романците продолѓи и на почетокот на последната четвртина. Но со тројка, во вистински момент, ја прекина Наумоски, за (57:52). Но за кратко, Романците ја продолжија бескрајната серија. Стигнаа до нерешен резутат (57:57) по две и пол минути игра од четвртиот период.
Нерешено беше и на истекот на 40.минути, (67:67), откако Митевски не погоди за победа. Во продолжението, на девет секунди пред крај, го почнавме нападот за победа. При резултат (76:78), пет секунди подоцна, победата, втора на турнирот, со тројка, ни ја донесе Лука Савиќевиќ.