Дома Трансфер зона Лукас Ернандес проговори за трансферот во Баерн Минхен!

Лукас Ернандес проговори за трансферот во Баерн Минхен!

Дефанзивецот на Атлетико Мадрид и француски репрезентативец Лукас Ернандес во моментов е во центарот на вниманието поради неговиот евентуален трансфер во Баерн Минхен.

Медиумите тврдат дека Ернандес веќе се договорил со Баварците кои се спремни да ја активираат неговата откупна клаузула од 80 милиони евра.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Атлетико Мадрид прави се што е во негова моќ да го одложи тој трансфер до следното лето, но самиот фудбалер не ја исклучи можноста за трансфер во јануари.

„Одлично се чувствувам во Атлетико, но ако треба да заминам утре поради друг интересен проект, ќе размислам“, изјави Французинот.

„Во фудбалот влијаат многу фактори. Јас треба да ја донесам најдобрата одлука за мене, мојата кариера и моето семејство“, додаде Ернандес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…