Дома Фудбал Лукаку откри што јаде од кога е во Интер: Тука дојдов на едно ниво повисоко

Лукаку откри што јаде од кога е во Интер: Тука дојдов на едно ниво повисоко

Ромелу Лукаку игра во фантастична форма откако пред скоро две години пристигна во Интер од Манчестер Јунајтед.

Лукаку стана еден од најдобрите играчи на клубот од Милано и игра навистина одлично. Во досегашниот дел од сезоната Лукаку на 33 натпревари постигна 24 гола и додаде седум асистенции.

Белгиецот не криеше дека доаѓањето во Италија бил полн погодок за него.

Во Јунајтед имав проблеми со вишокот килограми, но со доаѓањето во Интер работите се променија и сега физички сум во подобра форма.

„Го анализиравме моето тело кога дојдов во Интер и многу работи се променија. Јадам многу салата и риба и тоа дава одлични резултати. Зимам витамини и уште некои додатоци. Од јаглехидрати јадам сладок компир и рж. Не јадам премногу тестенини. Секогаш сум бил силен физички, но тука се подигнав на едно ниво повисоко и физички и ментално“, изјави Лукаку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…