Дома Останати Кошарка НБА Луд натпревар на Дончиќ: Трипл-дабл со 60 поени – вакво нешто не му успеало на никој претходно! 🎥

Луд натпревар на Дончиќ: Трипл-дабл со 60 поени – вакво нешто не му успеало на никој претходно! 🎥

Далас по едно продолжение славеше против Њујорк Никс со 126:121, а до победата дојде најмногу благодарение на неверојатниот настап на Лука Дончиќ.

На 33 секунди до крајот Никси имаа предност од 112:103 за потоа во драматична завршница да стигна до изедначување.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Застана Дончиќ на линијата за слободни фрлања на 4.2 секунди, првиот шут го погоди, а вториот го промаши и и на секунда пред крајот дојде до топката и погоди за 115:115.

Во продолжението повторно беше најдобриот во својот тим и постигна седум поени со што го предводеше Далас до триумф.

Мечот го заврши со неверојатен трипл-дабл од 60 поени, 21 скок и 10 асистенции. Ова беше настап за историја на словенечката ѕвезда.

Дончиќ стана првиот кошаркар во историјата на НБА кој постигна трипл-дабл со 60 или повеќе поени, 20 или повеќе скока и 10 или повеќе асистенции. Исто така постави клупски рекорд кај Далас со 60 поени.

Ќе додадеме и дека Динвиди кај Далас постигна 25 поени, Кристијан Вуд 19 со 19 скока, додека кај гостите Квентин Гремс беше најрасположен со 33 поени. Џулиус Рендл оствари дабл-дабл од 29 поени и 18 скока.

Денвер на Јокиќ запиша победа против Сакраменто со 113:106 со што стигна до петтата последователна победа во НБА. Мајкл Портер Џуниор постигна 30 поени, Џамал Мареј додаде 25, а Јокиќ уфрли 20 поени со 11 асистенции и девет скока.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

рландо – ЛА Лејкерс 110:129

Вашингтон – Филаделфија 116:111

Бостон – Хјустон 126:102

Индијана – Атланта 129:114

Торонто – ЛА Клиперс 113:124

Мемфис – Феникс 1014

Оклахома – Сан Антонио 130:114

Далас – Њујорк 126:121 (прод.)

Голден Стејт – Шарлот 110:105

Сакраменто – Денвер 106:113

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

ПСЖ спреми богати понуди за две ѕвезди од Серија А

ПСЖ веќе ја започна потрагата по замена за Килијан Мбапе, кој ова лето ќе го напушти клубо…