Дома Останати Кошарка Лудо звучи, но тоа е Џордан: Требало да се појави на два часа и да добие 100 милиони долари – одбил!

Лудо звучи, но тоа е Џордан: Требало да се појави на два часа и да добие 100 милиони долари – одбил!

Maјкл Џордан е еден од ретките спортисти кој во кариерата успеа да заработи повеќе од милијарда долари.

Најдобриот кошаркар на сите времиња е „тежок“ 2.1 милијарди долари, па не му е проблем да одбива неверојатни понуди кои му доаѓаат од различни делови на светот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Неговиот агент Дејвид Фалк откри навистина неверојатни понуди кои ги одбил славниот кошаркар.

„Одби да се појави на турнир во голф во текот на предсезоната во Азија. Една жена даде понуда од седум милиони долари Џордан да биде дел од турнирот тој ден. Ја одби“.

Во една прилика одбил и 100 милиони долари за два часа.

„Пред три години му донесов договор од 100 милиони долари. Се што требаше е да се појави на два часа во програма за да ја потврди соработката. И тоа го одби“, раскажа Фалк.

Џордан на годишно ниво според информациите на „Форбс“ заработува повеќе од 120 милиони долари само од „Најк“, а покрај ова има и заработка од 15-тина милиони долари од други зделки.

Мајкл е сопственик на НБА клубот Шарлот, а во текот на играчките денови во Чикаго Булс често пати соработуваше со брендови како „Кока Кола“, „МекДоналдс“ и многу други.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Неверојатна партија на Јокиќ, погледнете го лудилото по кошот за победа на Денвер

ДЕНВЕР НАГЕТС се вратија од негатива од 20 поени во третата четвртина и го победија Лос Ан…