Хрватска синоќа се пласираше во полуфиналето од СП по победата над Русија во последниот четвртфинален меч.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Победата на Хрватска се славеше до утринските часови, а интересно синоќа беше и во студиото на ХРТ. Гостин во специјалната емисија во текот на Мундијалот е и селекторот на босанската репрезентација Роберт Просинечки кој синоќа со својот колега ја прослави победата на „Ватрените“.
Просинечки беше сигурен дека Ракитиќ ќе погоди од пенал, а дури и јасно кажа дека Акинфеев нема да ја погоди страната. Откако Ракитиќ ја затресе мрежата настана лудница, а во прв план беа Просинечки и Јошко Јеличиќ кој трчаше по студиото дури и го бакнуваше екранот.