Дома Фудбал Лудило во Рим: Претседателот на Рома при прославата скокна во фонтаната

Лудило во Рим: Претседателот на Рома при прославата скокна во фонтаната

Рим синоќа гореше! Со тие зборови може да се опише славјето на навивачите и играчите на Рома откако во чудесен натпревар ја совладаа Барселона со 3:0, со што го елиминираа фаворитот за освојување на ЛШ оваа сезона.

После последниот свиреж на судијата на Олимпико настана лудница. Славјето кое почна на стадионот се пренесе на улиците на главниот град во Италија.

На навивачите на улиците се придружи и претседателот на клубот Џејмс Палота. Тој во чест на големата победа скокна во фонтаната, кој после тоа доби огромни овации од навивачите.

Славјето траеше до раните утрински часови.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ристовски со четири гола ја предводеше победата на Илинден од 14:1

Илинден го совлада Марино со 14:1, а тројца фудбалери постигнаа вкупно десет гола. Тимот н…