Лаутаро Мартинез (25) добил неверојатна понуда од Саудиска Арабија – неименуван клуб од таа земја му нуди 240 милиони евра!
Станува збор за четиригодишен договор, според кој би заработувал 60 милиони европски банкноти по сезона, доколку реши да ја прифати понудата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Секако, тука е и прашањето за неговиот сегашен клуб Интер, кој би добил одредена сума на пари за обештетување.
Информациите за понудата ги пренесе аргентинскиот новинар Цезар Луис Мерло, но исто така нагласи дека „Лаутаро се уште не дал зелено светло и дека преговорите со италијанскиот тим се уште не се започнати“.
Така, само во случај Аргентинецот да се согласи, тимот од Арабија ќе тргне во офанзива.
Сега има јасен избор, дали ќе одлучи да ги прифати парите што нема да му ги понуди ниту еден европски клуб, или ќе остане во Интер и со тимот ќе учествува во Лигата на шампионите?
Многумина избраа пари, како Кристијано Роналдо, Карим Бензема, Сергеј Милинковиќ-Савиќ…