Вечерва проследивме супер интересна вечер во Лигата на шампионите.
Натпреварот кој беше означен како дерби на вечерта помеѓу Борусија и Интер заврши со победа од 3:2 на „милионерите“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Интер одлично го започна натпреварот од самиот старт ја наметна својата игра, а таквиот пристап им се исплатеше после само пет минути игра кога Латуаро Мартинез погоди за 0:1. Продолжи со добрата игра Интер и после погодокот и во 40-тата Весино после една супер акција зголемува на 0:2.
Второто полувреме донесе целосно поинаква слика на теренот.
Борусија Дортмунд започна да доминира Интер не можеше ништо да направи. Хакими го најави пресвртот во 51-та минута, а Брандт со првиот допир на топката откако влезе во игра во 64-тата минута изедначи на 2:2.
Во 77-та на сцена повторно стапи одлични Ашраф Хакими кој со својот гол обезбеди важни три бода за Борусија.
Супер интересно беше и во Лондон каде што Челзи и Ајакс одиграа 4:4.
Голеадата беше отворена после само две минути и тоа со автогол на Абрахам после нафрлувањето на Промес. Жоргињо од пенал три минути подоцна донесе изедначување. Промес во 20-тата носи нова предност на Ајакс. Во 35-та минута Зијеш изведе еден мајсторски слободен удар, топката удри во стативата го погоди Кепа и заврши мрежата.
Ајакс на уште подобар пат да забележи победа беше после 10 минути игра во вториот дел кога Ван Де Бек погодува за 1:4. Тогаш следува нешто неочкувано.
Прво Аспиликуета намалува на 2:4, па следуваат две исклучувања кај Ајас. Блинд го напушти натпреварот во 68-ма минута, а Велтман само една минути подоцна. Жоргињо повторно од пенал намалува на 3:4. Конечните 4:4 ги постави Џејмс Рајс во 74-тата минута.
Во останатите натпревари Ливерпул го победи Генкс со 3:1, Лион ја совлада Бенфика со 2:1, Валенсија триумфираше против Лил со 4:1, додека Наполи ремизираше со Салзбург 1:1.
Македонскиот фудбалер Елиф Елмас натпреварот на Наполи го помина на клупата за резерви.