Дома Фудбал Лоши вести за Реал: Останаа уште без еден клучен играч

Лоши вести за Реал: Останаа уште без еден клучен играч

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема го скрши прстот на раката на натпреварот против Бетис во Примера и се приклучи на играчите кои се повредени во овој тим, потврди тренерот Сантијаго Солари.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бензема во Севиља мораше да го напушти теренот на полувремето, кога влезе дебитантот Кристо Гонзалез, во натпреварот во кој Реал го доби со голот на Даниел Себаљос во финишот од слободен удар.

За сега не е познато колку Французинот ќе отсуствува, но се придружи на петте повредени Герет Бејл, Маријано Диаз, Тони Крос, Марко Асенсио и Маркос Лоренте.

Реал следниот натпревар го игра во среда против Леганес во гости во Купот на кралевите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Легендата разочарана по испаѓањето на СП и разделбата: “Ме оставија сам”

Раното испаѓање на Уругвај од Светското првенство 2026 година веќе во групната фаза не сам…