Играчот за врска на Ливерпул, Жоржињо Вајналдум не успеа целосно да се опорави од повредата и нема да може да игра на престојното Светско клупско првенство.
Ливерпул во полуфиналето утре ќе игра против мексиканскиот Монтереј во Доха, а Вајналдум сигурно нема да биде во комбинација за тој меч.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Вајналдум се повреди на средбата со Ватфорд минатата сабота, но очекувања на Клоп беа дека ќе се опорави до натпреварот со Монтереј.
Сепак, во таборот на Ливерпул не губат надеж дека Холанѓанецот ќе биде спремен за евентуалното финале.
#LFC have confirmed that Georginio Wijnaldum will not play in Wednesday's Club World Cup semi-final against Monterrey. pic.twitter.com/E1J8WYw6E5
— Liverpool Edge (@LiverpoolEdge) December 17, 2019