Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк се повреди за време на мечот со Брентфорд, а повредата е потешка отколку што се очекуваше.
Англиските медиуми пренесуваат дека големи се шансите Ван Дајк да биде надвор од терените околу месец дена.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Станува збор за истегнување на мускулот поради кое Холанѓанецот мораше да биде заменет на полувреме.
Првично се мислеше дека повредата е лесна и дека ќе се врати брзо на терените, но деталите прегледи покажаа дека станува збор за потешка повреда.