Дома Фудбал Лоша вест за Барса, се повреди Бускетс

Лоша вест за Барса, се повреди Бускетс

Серхио Бускетс се повреди и го напушти кампот на шпанската репрезентација.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Барселона после деталните прегледи соопшти дека станува збор за истегнување на надворешниот страничен лигамент на левото колено.

Повредата не е многу сериозна, па се очекува Бускетс да се врати на терените за две до три недели.

Ова е лоша вест за Куман пред дербито со Атлетико Мадрид, бидејќи Бускетс е многу важен играч за Каталонците.

Покрај дербито против Атлетико, Бускетс сигурно ќе го пропушти и дуелот против Динамо Киев во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Марко Алчевски се врати во Македонија!

Фудбалскиот клуб Тиквеш денеска го претстави своето ново засилување за претстојната сезона…