Дома Фудбал Италија Лотито: СМС не е на продажба, но…

Лотито: СМС не е на продажба, но…

Фудбалерот на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ и натаму е на мета на најголемите европски клубови, иако одигра доста лошо СП.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


СМС се поврзува со Јувентус, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, но претседателот на Лацио, Клаудио Лотито упорно истакнува дека клубот нема намера да го продаде.

„Ние никогаш го немаме ставено на трансфер листата. Тој не е на продажба, но никогаш не кажувај никогаш. Во секој случај, нема да го продадеме за некоја смешна цифра.“ – рече Лотито и додаде:

„Не одигра под очекувањата на Мундијалот, само играше на позиција која не е негова.“

Наводно Лотито прифатил да го продаде својот најдобар играч за 120 милиони евра, а бидејќи тоа не го направи, се претоставува дека таква понуда не пристигнала на адресата на Лацио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ал Хилал штотуку за 80 милиони евра го заврши најшокатниот трансфер на летото!

Според ексклузивните информации на угледниот новинар Дејвид Орнстин, Ал Хилал постигнал до…