Дома Топ вести Лопетеги на излезна врата, Перез веќе му најде замена!?

Лопетеги на излезна врата, Перез веќе му најде замена!?

Реал Мадрид се наоѓа во очајна форма и нема победа на четири меча со ред, па шпанските медиуми тврдат дека раководството веќе размислува за тренерска смена.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Наводно, претседателот Флорентино Перез знае кој ќе биде нов тренер ако Лопетеги добие отказ. Весникот „АС“ пишува дека Реал Мадрид е во контакт со поранешниот тренер на Челзи, Антонио Конте.

„Кралевите“ разгледуваат повеќе опции во моментов, но Конте е прв на листата бидејќи е единствениот слободен тренер од светска класа во моментов.

Реал Мадрид четири натпревари е без даден гол, има три порази и едно реми. Шпанските медиуми тврдат дека Лопетеги ќе добие отказ доколку го загуби Ел Класико дуелот со Барселона на 28-ми октомври.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Најстариот играч на Светското првенство: Крег Гордон од опасноста по живот до врвот на фудбалот

Во март оваа година, Крег Гордон патуваше во Лондон, каде што имаше закажан состанок со ле…