Шпанските клубови Лас Палмас и Гетафе постигнаа договор за трансфер на францускиот напаѓач Луик Реми, соопштија шпанските медиуми.
Реми ќе пристигне во Гетафе на позајмица до крајот на сезоната.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Французинот пристигна во Лас Палмас од Челзи и оваа сезона беше најдобар стрелец на тимот со 6 гола на 13 натпревари.
Меѓутоа, тренерот Пако Хамес не сметаше на него, па Лас Палмас се одлучи да го даде на позајмица.
За него интерес покажа Леванте како и бројни турски клубови, но Гетафе беше најконкретен.