Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Ловрен „пука“ од самодоверба: Признајте, јас сум еден од најдобрите!

Ловрен „пука“ од самодоверба: Признајте, јас сум еден од најдобрите!

Неверојатен е патот на во кариерата на Дејан Ловрен кој во текот на сезоната беше мета на безброј критики поради киксовите во дресот на Ливерпул, но само еден месец подоцна ќе игра во завршната фаза на Мундијалот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Поранешниот член на Динамо одигра одличен турнир. Многумина сметаат дека просто судено е Ловрен да направи грешка во некоја од елиминационите натпревари, но во тандем со Вида тој изгледа беспрекорно.

„Слушнав дека луѓето зборуваат како сум имал тешка сезона, но се сложувам со нив. Се пласирав во финалето од Лигата на шамионите, сега сум во финалето на Мундијалот. Луѓето мораат да признаат дека сум еден од најдобрите стопери на светот, а не само да зборуваат глупости“, изјави Ловрен.
Мора и да се призанае дека Ловрен како и целата репрезентација на Хрватска има фантастично Светско првенство.

„Ова е нешто кое никогаш нема да го заборавиме. Луѓето плачат од среќа во нашата земја, направивме историски успех, никогаш нема да бидеме заборавени. Беше тоа тешко полувреме.

Меѓутоа, во вториот дел едноставно бевме подобри“, заврши стоперот на Ливерпул и Хрватска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

(VИДЕО) Најголемата грешка во кариерата на Муслера, Зеленортските Острови се квалификуваа и ќе играат против светскиот шампион!

Репрезентацијата на Шпанија денес во Гвадалахара успеа да го победи Уругвај со резултат 1:…