Дома Фудбал Лихштајнер пристигнува во Бундеслигата

Лихштајнер пристигнува во Бундеслигата

Стефан Лихштајнер е блиску до пронаоѓање нов клуб, а следната станица во кариерата на искусниот дефанзивец најверојатно ќе биде Бундеслигата.

Откако настапуваше во Лига 1, Серија А и Премиер лигата, на ред дојде и највисокиот ранг во германскиот фудбал.

Според пишувањата на „Кикер“, Лихштајнер е блиску до потпис со Аузбург, кој со ангажирање на овој 35-годишен играч ќе ги реши проблемите во одбраната.

Поранешниот репрезентативец на Швајцарија е слободен играч откако на крајот од сезоната го напушти Арсенал, па неговото ангажирање нема да претставува проблем за Аузбург.

Лихштајнер најдобрите моменти ги помина играјќи за Јувентус со кој беше првак во Италија дури седум пати. Пред тоа настапуваше за Лацио, Лил и Грасхопер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бојчев погоди, Петрески одбрани пенал за реми на младите футсалци во Тиват

Македонската футсал селекција до 19 години одигра 1:1 со Црна Гора во првата од двете конт…