Славниот италијански тренер Марсело Липи смета дека Јувентус е прв фаворит за освојување на ЛШ оваа сезона.
Старата дама пред два дена го порази Манчестер Јунајтед во гости со 1:0 и оттогаш уште погласно се зборува дека таа е прв фаворит за титулата.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Такво мислење има и Липи кој смета дека Јуве моментално е малку пред Баерн Минхен, Реал Мадрид и Барселона.
„Имам чувство дека ова може да биде сезона на Јуве. Пред година дена реков дека тимот кој игра две финалиња во ЛШ во краток период е многу блиску до најголемите тимови – Барселона, Реал и Баерн. Сега е време да се каже дека Јувентус ја предводи групата на фаворити.“ – изјави Липи за Кориере дело Спорт.