Дома Фудбал Италија Липи ја напушта Кина, но не размислува за пензија: Сакам да водам европска репрезентација!

Липи ја напушта Кина, но не размислува за пензија: Сакам да водам европска репрезентација!

Легендарниот италијански тренер Марчело Липи откри дека во јануари ќе ја напушти репрезентацијата на Кина, но се уште не размислува за пензија.

Липи е во Кина од 2012 година, четири сезони го водеше Гуангжу, а потоа ја презеде кинеската репрезентација.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Доживеав одлично искуство, но заминувам во јануари после Азискиот куп. Кинезите ми понудија нов договор на четири години, но не можев да го прифатам. Сакам да бидам дома и да ги наполнам батериите“, изјави Липи.

Сепак, 70-годишниот стратег се уште не размислува за пензија.

„Можеби ќе бидам селектор на некоја европска репрезентација. Сакам да бидам блиску до Италија. Можеби и Емирати“, додаде Италијанецот.

Легендарниот тренер со Јувентус освои се што можеше да се освои, а со Италија стана светски шампион во 2006 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Навивачите слават, на повидок важен потпис во Милан

Милан постигна договор со голманот Мајк Мењан за продолжување на соработката, пренесуваат …