Лина Ѓорческа се избори за уште едно полуфинале во фјучерсот во Трнава, откако денеска ја победи Александра Каданцу од Романија со 6-3 и 6-2.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ѓорческа одигра уште еден одличен меч на турнирот во Трнава, па во полуфинале ќе се пресмета против тенисерката од Русија, Влада Ковал.
Македонската тенисерка претходно успеа да слави против Морваиова со 2-1 во сетови.
Нашата најквалитетна тенисерка денеска има уште една обврска во дубл конкуренцијата каде заедно со Ирина Хромачева ќе се обидат да дојдат до финалето.