Дома Фудбал „Лидс е поголем клуб од Манчестер Сити“

„Лидс е поголем клуб од Манчестер Сити“

Поранешниот холандски фудбалер Џими Флојд Хаселбанк тврди дека Лидс Јунајтед е поголем клуб од Манчестер Сити.

Екипата од Еланд Роуд после 16 години се враќа во Премиер лигата. Хаселбанк, кој го носеше дресот на Лидс од 1997. до 1999. година е пресреќен поради тоа.

„Лидс е единствениот голем клуб во Јоркшир. Луѓето треба да бидат горди поради клубот. Погледнете го Лондон, има многу големи клубови, Манчестер ги има Сити и Јунајтед, а Ливерпул ги има Ливерпул и Евертон. Лидс го има само Лидс и кој е роден таму е навивач до смрт.“ – изјави Хаселбанк и додаде:

„Лидс е поголем клуб од Манчестер Сити. Како клуб имаат поголем потенцијал од нив. Атмосферата е единствена. Навивачите се луди за Лидс.“

Лидс во историјата има три шампионски титули, а последната ја освои во 1992. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Таткото блескаше под кошевите, синот е пред фудбалски повик од БиХ

Давид Сесар, 18-годишниот дефанзивец на Лучко и син на Јосип Сесар, го привлече вниманието…