Дома Трансфер зона Лидс верува дека ќе го задржи Алиоски

Лидс верува дека ќе го задржи Алиоски

Иднината на Езѓан Алиоски и понатаму е неизвесна, откако му заврши договорот со Лидс.

Нашиот репрезентативец на крајот на месецот ќе биде слободен агент, а интерес за него покажуваат неколку клубови ширум Европа.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лидс сака да го задржи во своите редови и е оптимист дека ќе најде заеднички јазик за продолжување на соработката.

Англиските медиуми пренесуваат дека Марсело Биелса сака да го задржи Алиоски, а раководството е во постојан контакт со неговите агенти.

Алиоски минатата сезона беше еден од најстандардните во составот на Лидс, а и самиот во неколку наврати истакна дека за него приоритет е останување во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Абердин ја одредил цената за Миовски

Македонскиот голгетер Бојан Миовски во летниот преоден рок дефинитивно ќе биде интересен з…